logo
logo
logo

Директророт на ФП без заобиколување: ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА НАОЃА И ДАВА ПРИЈАВИ, КАДЕ Е ОБВИНИТЕЛСТВОТО?

Vecer | 15.10.2025

Директророт на ФП без заобиколување: ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА НАОЃА И ДАВА ПРИЈАВИ, КАДЕ Е ОБВИНИТЕЛСТВОТО?

Слободан Ивановски, директор на Управата за финансиска полиција, во емисијата Бизнис21 на ТВ21 истакна дека од неговото назначување до денес се поднесени 42 кривични пријави против 108 физички лица.

Како што вели, предизвикана е вкупна штета од над 1 милијарда денари.

Од моето назначување, 20 август 2024 година до денес се поднесени 42 кривични пријави против 108 физички и 37 правни лица. Финансиска полиција по закон мора да работи големи предмети, што значи тоа? Големи предмети значат големи суми и големи штети на буџет“, вели Ивановски

Слободан Ивановски  истакна дека за предметот Лотарија, имаат и друга истрага.

Во моментот има друга истрага за Лотарија, како и РЕК и тоа е Институција во која се правеле доста кривични дела. Во претходните предмети веќе се поднесени кривични пријави, и за деловниот простор и за ВЛТ апаратите. Најчесто имаме изигрување на јавната набавка, изигрување на јавниот повик, фаворизирање, па дури и во делот на реализација односно во делот на деловниот простор имаме исплата од страна на Лотарија за простор кој што не бил функционален, не бил опремен. Околу 1 година и пол Лотарија плаќала кирија за објект кој не е во функција, и тука беше еден од круцијалните моменти во овој предмет“, вели Ивановски.

Според него, засега не се знаат кои се „актерите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk