И по неодамнешната трагедија, некои угостителски објекти во Кочани сè уште функционираат без соодветни дозволи. Против нив, општинските власти веќе поднесоа кривична пријава. Вршителот на должност градоначалник Венко Крстевски истакна дека покрај управителите на објектите, одговорност сносат и надлежните институции што дозволиле таквите објекти да работат непријавено.
Моментално, општината детално ги проверува сите елаборати за угостителските објекти. Дополнително, во пријавата е побарано и рушење на одреден број на дивоизградени локации.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата