logo
logo
logo

СДСМ: Тошковски мора да поднесе оставка, граѓаните не се чувствуваат безбедно

Vecer | 13.07.2025

СДСМ: Тошковски мора да поднесе оставка, граѓаните не се чувствуваат безбедно

Во Македонија една година луѓето се убиваат по улици, маала, во своите домови, а министерот Тошковски повеќе не може да ја сокрие вистината – рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција во седиштето на партијата.

Таа вели дека јавноста е сведок на низа убиства, престрелки, ликвидации и закани кои се случиле во земјава изминатите години, а полицијата наместо да ги спречи нарко-клановите, ги штити.

„Системот е парализиран, криминалците управуваат со улиците, а власта со своето молчење и неспособност им овозможува тоа да се случува. Министерот Тошковски со месеци зборува за „намален криминалитет“, а Македонија секојдневно е потресена од убиства“, кажа Кузеска.

Таа рече и оти пораката што ја добиваат граѓаните е дека животот им е помалку вреден од амбициите на власта и дека токму затоа Панче Тошковски мора веднаш да си поднесе оставка, и тоа не од морални причини, туку бидејќи како што велат, е неспособен да ја гарантира безбедноста на своите граѓани.

Од опозициската партија реагираат дека синоќешното двојно убиство и самоубиство во Прилеп е уште една страшна потврда дека безбедносната состојба во земјава е целосно излезена од контрола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk