logo
logo
logo

Комунална почна да се чисти - ЗА ПОЧЕТОК ОД ФОТЕЉИТЕ. Притвор за директорот Рустеми и Саити

Vecer | 28.10.2025

Комунална почна да се чисти - ЗА ПОЧЕТОК ОД ФОТЕЉИТЕ. Притвор за директорот Рустеми и Саити

Директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, и раководителот Аки Саити денеска беа спроведени во Основниот кривичен суд поради сомнение за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, казниво според член 230 од Кривичниот законик. 

Од Обвинителството претходно потврдија дека во тек е постапката за утврдување на степенот на одговорност и дека ќе се предлагаат мерки. 

Обвинителството веќе најави дека и за директорот Рустеми и за раководителот Аки Саити бараат мерка притвор.

Според првичните информации, предметот се однесува на незаконито постапување со комунален отпад со што, како што се товари, е предизвикано загадување на околината и ризик по здравјето на граѓаните објави 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk