logo
logo
logo

Продаден ли е ресортот ски центар Маврово, или не е? ИМА ЛИ СКРИЕНИ СТАВКИ ОД ПРОДАВАЧОТ?

Vecer | 04.07.2025

Продаден ли е ресортот ски центар Маврово, или не е? ИМА ЛИ СКРИЕНИ СТАВКИ ОД ПРОДАВАЧОТ?

Со години наназад Ски центарот Маврово се распаѓа, во буквална смисла на зборот. Почнувајќи од руинириањето на ски терените и опремата, сервисите за изнајмување опрема им се повалкани од железничкта станица во Скопје, до хотелот Бистра, омилен кај косоварите кој веројатно со години не е инвестирано за да се врати барем до основната, некогаш позната, фукционалност, содржини у услуга.

Пример што се очекува и каков би требало да биде хотелот Бистра, централен имот на Ресортот е ренвираниот некогашен хотел Макптерол, отспротива.

Најпосле, газдите решија да го продаваат. Но, дали е продадаен?

Бизнисменот Огњан Циговски продаде 80% удел во Ресорт Маврово, но за кратко време потоа се прошири вест дека имал проблеми со наплатата на купопродажниот договор, поради што морало да интервенира извршител.

Ресортот во чиј состав влегуваат четири хотели, меѓу кои и „Бистра“ како најпознат, кабаре, три угостителски бачила, скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ и подружница за изнајмување на рекреативна опрема, од мај има нов управител во Лубе Кутлешоски од Битола, а нов сопственик е „Епинал Холдинг“.

Во последно време Циговски влезе во бизнис релации со две фирми од Австралија - „Бесијан Холдингс ПТИ ЛТД“ и „Македонија ПТИ ЛТД“, за кои беше објавено дека се во сопственост на иселеничко семејство.

Во меѓувреме, како што и потврди самиот Циговски за портралот Фактор, минатата недела интервенирал извршител кој го запленил уделот на купувачот објавувајќи ги своите деловни интереси јавно за да изврши притисок врз другата деловна страна која, досега, се уште не се огласила..

Договорот предвидува купувачот да ја доплати купопродажната цена во две рати, од кои првата доспеваше на 01.06.2025 година.

Како обезбедување за исплатата, купувачот во својство на нов содружник го заложи новостекнатиот удел. За жал, купувачот не ја изврши исплатата во договорениот рок, со што доплатата на целосната купопродажна цена доспеа во целост.

На 09.06.2025 година беше испратена опомена до купувачот, која не резултира со исполнување на обврската. Поради тоа, на 24.06.2025 година беше покрената постапка за реализација на заложното право“, велат застапниците на Циговски.

Но, како постои една, така постои и друга страна во спорот. Дали купувачите на Ресортот Маврово биле реално известени за сите детали околу финансиската и материјална состојба на ресортот, како и за деловните показаталети. 

Сопственикот и сегашен продавач на удели Огнен Циговски, близок до највиските функцинери на СДСМ, своевремено се стекна со поголем дел на сопственоста на Ресортот Маврово под нејасни околности бидејќи имотот во најголем дел беше токму на фамилијата која сега се јавува како купувач на уделите од наведениот Огнен Циговски. Го купува некогаш сопствениот имот.

Дали Ресортот Ски центар Маврово е продаден, или не е? Дали има скриени содржини кои на купувачот не му се презентирани при продавањето, или не? Како и да е проблемот е тука, а Ски центар - Ресорт Маврово и понатаму е руина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk