Со фотографии од загинатите во рацете, семејствата и роднините на жртвите во кочанската трагедија од 16 март, кога се запали дискотеката „Пулс“, денеска маршираа низ градот.
Под мотото „Марш за ангелите“ семејствата на починатите во трагичниот пожар тргнаа од Паркот на револуцијата, на тежок, црн марш низ улиците на Кочани и преку транспарентите порачаа: „Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Марш за 59-те ангели“.
Од плоштадот во Кочани тие поминаа покрај кафулето на сопственикот на дискотеката „Пулс“ каде застанаа и молчеа во чест на загинатите. Оттука, се упатија кон Општина Кочани, седиштето на МВР во градот, како и Основниот суд.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата