logo
logo
logo

Министерството за здравство ќе ги координира донациите за семејствата погодени од трагедијата во Кочани

Vecer | 18.06.2025

Министерството за здравство ќе ги координира донациите за семејствата погодени од трагедијата во Кочани

Министерството за здравство ќе го преземе водењето на сите активности поврзани со собирање и распределба на донации наменети за семејствата на жртвите и повредените во кобниот настан во дискотеката во Кочани. Ова беше соопштено од министерот за здравство, Азир Алиу, при обраќањето пред медиумите.

Министерот информираше дека тим од Министерството имал неколкучасовна средба со експерти, родители и млади кои биле директно засегнати од трагедијата. Како резултат на разговорите, е донесена одлука Министерството за здравство, во соработка со Владата, да биде носител на координацијата за примање и распределба на донациите.

Меѓу другото, Алиу најави и отворање на мултифункционален иновативен центар во Кочани. Овој центар ќе обезбеди различни услуги и поддршка за младите и сите жители на градот, како дел од долгорочните напори за опоравување и зацврстување на заедницата по трагичниот настан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk