logo
logo
logo

СЕЛА ГИ НАПУШТА ДУИ: Нема обединување со Таравари, тој е „нестабилна фигура“

Vecer | 18.11.2025

СЕЛА ГИ НАПУШТА ДУИ: Нема обединување со Таравари, тој е „нестабилна фигура“

Лидерот на едното од трите крила на Алијанса за Албанците, Зијадин Села ја остави отворена можноста да стане дел од Владата, но само ако се исполнат, како што вели, трите главни услови.

Села ќе бара спроведување на уставните измени односно деблокада на процесот на интеграција во ЕУ, замена на формулацијата „20%“ со „албански јазик“ во Уставот и воспоставување на Бадентер во Уставниот суд.

„Прво, уставните амандмани – деблокада на ЕУ, отстранување на 20% – воведување на албанскиот јазик во Уставот и одлуките што се носат со Бадентериевиот принцип, да бидат и во Уставниот суд. Ова би биле три теми, доколку се реализираат првично, тогаш би можеле да се водат преговори со Алијансата за Албанците“, рекол Села на прашањето дали постои можност да стане дел од Владата.

Во емисијата „Дебата на Шења“, тој најави реорганизација на партијата и напуштање на коалицијата НАИ предводена од ДУИ.

Села нагласува дека коалицијата била само за локалните избори.

Тој, меѓу другото, ја исклучи можноста за обединување со крилото на АА, предводено од Арбен Таравари, велејќи дека екс-министерот за здравство е „нестабилна фигура“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk