logo
logo
logo

Македонија не смее повторно да влегува во процес на уставни измени БЕЗ ЈАСНИ И ЦВРСТИ ГАРАНЦИИ ДЕКА ЌЕ СЕ ЗАЧУВА НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ

Vecer | 29.05.2026

Македонија не смее повторно да влегува во процес на уставни измени БЕЗ ЈАСНИ И ЦВРСТИ ГАРАНЦИИ ДЕКА ЌЕ СЕ ЗАЧУВА НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски порача дека партијата останува на ставот оти уставни измени не треба да се носат доколку тие не носат јасна европска перспектива и конкретни гаранции за членство во Европската Унија.

Милошоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промени кои, како што рече, би ја однеле државата во нова неизвесност без сигурен исход.

– По однос на тоа прашање ние сме јасни, сме го искажале нашиот став. Ние не сметаме дека уставните измени треба да се направат, а притоа таквиот чекор да не однесе во неизвесност и да бидат направени за нешто за коешто не може да ја постигнете целта – изјави Милошоски.

Тој потсети и на претходни уставни измени, наведувајќи дека, според него, ветувањата тогаш не биле исполнети.

– Ние веќе едни такви уставни измени имавме. Тогаш СДСМ и ДУИ ги промовираа како уставни измени по однос на уставното име на Република Македонија, дека тоа ќе ги отвори вратите на ЕУ, дека ќе има бесплатно здравство, бесплатни вакцини, стипендии, беше таа една голема кампања, но видовме дека наместо отворање на поглавјата и преговори со ЕУ, ние добивме затворена врата пред нос од страна на Франција, а потоа од и од соседна Бугарија – рече тој.

Милошоски истакна дека Македонија не смее повторно да влегува во процес на уставни измени без, како што наведе, цврсти и јасни гаранции за зачувување на националниот идентитет, јазикот и историската посебност.

– Поучени од тоа искуство, сметаме дека би било лековерно да се оди во уставни измени, а притоа да немате извесност во процесот дека ќе си зачувате своја национална посебност и дека ќе стигнете до целта како полноправна земја членка на ЕУ – додаде Милошоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk