logo
logo
logo

НЕМА НИКАКВИ ПРОБЛЕМИ СО АВИОСООБРАЌАЈОТ, велат од М-НАВ

Vecer | 29.05.2026

НЕМА НИКАКВИ ПРОБЛЕМИ СО АВИОСООБРАЌАЈОТ, велат од М-НАВ

Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација, информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација.

М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит.

- Ве известуваме дека информациите кои излегоа во јавноста за потешкотии во авиосообраќајот се целосно неточни и во целост ги отфрламе. Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација. Во М-НАВ сите критични системи се дуплицирани и не постои никаква опасност од наводно загрозување на безбедноста на авиосообраќајот. Во однос на дезинформацијата за немање безбедна VHF комуникација со пилотите сакаме да ја известиме јавноста дека во овој момент се користи Солунска Глава како примарна точка од каде се комуницира со пилотите. Дезинформациите се дневополитички на поединци кои сакаат да постигнат одредена цел за личен бенефит, а притоа инволвирајќи го М-НАВ во тоа - се вели во информацијата од М-НАВ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk