logo
logo
logo

Во Охрид, додека двајца се женат еден веќе се разведува

Vecer | 02.06.2025

Во Охрид, додека двајца се женат еден веќе се разведува

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, само во текот на јануари, февруари и март годинава, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 31 двојка, а имало и 16 разводи, што го потврдува поразителниот факт за кој не се зборува многу, за огромниот број разводи во државата, веќе подолг период наназад.

Во соседна Струга, во анализираниот период се склучиле 69 бракови, а евидентирани се 6 разводи. Во Дебрца е евидентиран еден склучен брак и нема разводи.

Статистиката е немилосрдна и ги вадат на површина бројките, но не и причините за оваа, за жал, се’ почеста појава. Браковите сѐ почесто завршуваат со развод, што секако директно влијае и на природниот прираст на населението, кој веќе со години е негативен.

Колку за илустрација, во истиот период во Охрид се родиле 80, а починале 176 лица, односно се бележи прираст од -96.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk