Дејан Давидовски-Дешо, кој се бараше за настаните од „27 април“, е ослободен од обвинение откако Основниот кривичен суд Скопје донел одбивателна пресуда со примена на Законот за амнестија, дознава „Скопје1“. Потврдата за одлуката е добиена од Кривичниот суд.
Давидовски седум години беше во бегство, а во август минатата година ѝ се предаде на полицијата. Во април 2019 година беше уапсен во Шведска, но шведските власти тогаш го одбија барањето за негова екстрадиција во Македонија.
Тој беше гонет за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, поврзано со случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Со примената на Законот за амнестија, судот ја отфрлил обвинителната постапка против него.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата