Одите во банка, ги давате парите на службеникот но, потоа гледате дека парите ги нема на сметка! Банкарот си ги земал. Потоа морате да преговарате со банката да ви се вратат парите: на шалте ви даваат дел, друг дела ви дава шефот... Но, никако да ви ги вратат сите пари кои на банката сте и ги дале.
Изгледа неверојатно, но токму тоа се случило во Тетово.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Пријавената, како вработена во филијала на една банка во Тетово, на 03.11.2025 во службени простории на банката од 59-годишник од Тетово примила 39.000 евра кои сакал да ги стави како депозит на неговата сметка во банката, но пријавената наместо да ги уплати во рок од три дена како што кажала на сметката на оштетениот, таа противправно ги присвоила.
На 18.11.2025, оштетениот повторно отишол во банката и по средба со овластено лице на филијалата истиот ден му биле вратени дел од парите.
Додека, за остатокот од парите, овластено лице го упатило кај управител на правно лице, кој исто му вратил дел од парите, но не му биле вратени во целост паричните средства во износ од 39.000 евра.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата