logo
logo
logo

ПОНУДИВМЕ ВИЗИЈА, ПРОЕКТИ И ДЕЛА Движењето ЗНАМ задоволно од предизборната кампања

Vecer | 17.10.2025

ПОНУДИВМЕ ВИЗИЈА, ПРОЕКТИ И ДЕЛА Движењето ЗНАМ задоволно од предизборната кампања

Носителката на советичката листа на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија Ивана Ѓорѓиевска на денешната прес конференција направи збирна оценка на изборната кампања пред првиот круг на локалните избори в недела.

– Во изминатите три недели, заедно со нашиот тим од Движењето ЗНАМ – прошетавме низ сите делови на општина Куманово. Се сретнавме со граѓаните, разговаравме со нив ги слушавме нивните проблеми, предлози и идеи. Со задоволство можам да го споделам денеска е – дека кумановци ја прифаќаат нашата програма, се согласуваат со тоа како ние планираме да работиме во наредниот мандат. И, она што најсилно го почувствувавме е љубовта кон градот и желбата за контиуитет што носи реални резултати, а не празни ветувања – нагласи Ѓорѓиевска.

Оваа кампања, рече таа, ја водевме чесно, транспарентно и достоинствено со проекти, со визија и со дела кои зборуваат наместо нас. Она што го имаме сработено досега, рече Ѓорѓиевска, е нашиот најголем капитал е показател дека ние исполнуваме. Не ветувавме невозможни работи, туку конкретни решенија кои веќе се реализираат или се подготвени да почнат.

– Со таквите проекти дефинитивно го правиме Куманово – модерен град со нови улици и булевари, нови плоштади, повеќе паркинг места, со поголеми зелени површини – паркови, дрвореди и зелени појаси, со нови сообраќајни решенија, депонии, со поголема водоводна, канализациска и гасоводна инфраструктура. И, општина со нови инвестиции, новоотворени работни места и перспектива за младите. Веруваме во континуитет, стабилност и вистински развој. Куманово има потенцијал, има луѓе со идеи, со енергија и со желба да напредуваат.

Нашата цел е едноставна да го задржиме тој напредок, да ја продолжиме изградбата на современ, зелен и уреден град, каде што секој човек ќе има достоинствен живот – рече носителката на советничката листа на Движењето ЗНАМ за Куманово.

Ѓорѓиевска ги покани кумановци вечерва да присуствуваат на завршниот митинг на Движењето ЗНАМ во Домот на културата „Трајко Прокопиев“, а в недела да излезат масовно на гласачките места.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk