logo
logo
logo

Пет лица уапсени по брутален инцидент, МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО НЕГОТИНО ПО НАПАД НА ДЕВОЈКА

Vecer | 22.09.2025

Пет лица уапсени по брутален инцидент, МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО НЕГОТИНО ПО НАПАД НА ДЕВОЈКА

Инцидент кој започнал со пријава за напад врз девојка во угостителски објект во Неготино вчера попладне, ескалирал во жестока физичка пресметка меѓу две групи лица. Вечерта завршила со апсење на петмина мажи, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.

Според информациите, 25-годишната И.Б. од селото Криволак пријавила дека била физички нападната од 21-годишниот Д.Т. во локал во Неготино. По инцидентот, избувнала масовна тепачка во која се вмешале повеќе лица.

Во полициската акција, во периодот меѓу 20:10 и полноќ, приведени се В.Д. (22), Д.Т. (21), Љ.Т. (43), А.М. (25) и Б.П. (22), сите од Неготино. Тие биле спроведени во полициска станица, а за случајот веднаш бил известен јавен обвинител.

Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и утврдување на мотивите кои довеле до пресметката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk