logo
logo
logo

Влажни коловози и опасност од одрони

Vecer | 10.01.2026

Влажни коловози и опасност од одрони

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, но сите патни правци се проодни. Од ЈП „Македонијапат“ предупредуваат на зголемена внимателност на патните правци кои минуваат низ усеци и клисури поради можна појава на поситни одрони. Апелираат на внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Во однос на граничните премини кон Грција, состојбата е променлива. Од АМСМ информираат дека граничниот премин Евзони (Богородица) е отворен за секаков вид сообраќај од синоќа во 23:10 часот. На граничниот премин Ники (Меџитлија), пак, на сила е забрана за движење на товарни возила која ќе трае до денеска до 10:00 часот, додека патничките возила поминуваат непречено.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk