logo
logo
logo

Мангупски “бизнис модел“ на аптеките: ЕУРОФАРМ И ЗЕГИН БОЖЕМ РАБОТАТ СО 0,01 И 0,7% ПРОФИТ?! Дали е така

Vecer | 18.06.2025

Мангупски “бизнис модел“ на аптеките: ЕУРОФАРМ И ЗЕГИН БОЖЕМ РАБОТАТ СО 0,01 И 0,7% ПРОФИТ?! Дали е така

Бизнисот во фармацијата спаѓа во најпрофитните, во рамкина бизнисот со мода, оружје и цигари. Нивните продукти. лековите и суплементите, во голем дел се продаваат во аптеките и очекувано е да има голем обрт на парите, да има приходи но, каква е заработката на аптеките кај нас?

Во Македонија работат 370 аптеки со 1.700 вработени, претежно стручен висококвалификуван кадар. На оваа тема податоци собра порталот Фактор и, доколку се официјални, некој со прикажувањето профити опасно манипулира. Пред се зачудуват извештаите за битолската компанија со ланец на аптеки Еурофарм која, замислете, имала 46 милиони евра промет а профит - само 6.700 евра!

Еурофарм Битола, наводно, со целиот нивни ланец аптеки работеле цела година за да заработат колку просечен кафич во Битола, или Скопје. Патем, Еурофарм е главен спонзор на ракометниот клуб Пелистер од Битола со заработката на фирмата од само 6.700 евра годишно.

Ако е така, менаџментот итно би дал оставка а газдарциата би побарала партнер за продажба или за менаџирање на 46 милиони евра годишно со значително поголема добивка.

За разлика од нив, Виа Фарм од Вевчани заработила, односно пријавиле заработка, 55 пати поголема од Еурофарм Битола - на промет од “само“ 6,7 милони евра пријавиле заработка од 367.000 евра. Доволна причина газдарицата на Еурофарм да им го даде ланецот на нивните аптеки на управување. на Виа Фарм Вевчани.

Еве како работе, или “работеле“ аптеките во Македонија:

Проблеми со управување, или немање менаџерки способности за доходовно работење, имаат и наследничките на Благоја Мехаџиски Зегин, најуспешен менаџер со аптеки во Македонија со децении, пред да се повлече од бизнисот.

Имено, аптеките Зегин пријавиле приход од дури 66 милиони евра, и заработка од само 0,7% или 457.000 евра профит. Скоро колку и Виа Фарм од Вевчани со десет пати помали приходи. 

Непознато е дека било која компанија во Македонија инвестира и вработува толку луѓе за да има профит од само 0.01 како Еурофарм Битола, или 0,7% профит од прометот како Зегин Скопје. Очекуваме институциите да проверат и анализираат како опстојува тој “бизнис модел“ и кои се мотивите на газдите на тие фирми за работа со 0,01% заработка. Или, заработката е многу поголема но ја нема во книговодството?!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk