logo
logo
logo

Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е санитарно исправна, потенцираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје

Vecer | 28.11.2025

Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е санитарно исправна, потенцираат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје

Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош е санитарно исправна и може непречено да се користи, соопшти ЈП „Водовод и канализација“- Скопје, по извршениот вонреден мониторинг на 26 ноември, по пријава од основното училиште.

Од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје информираат дека Секторот за санитарна контрола земал четири примероци вода од две локации – училница и кујна. Два примероци биле за физичко-хемиска анализа, а два за микробиолошка.

– Од добиените резултати, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18). Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е санитарно исправна и може непречено да се употребува, потенцираат од ЈП „Водовод и канализација“-Скопје.

Инаку, на 26 ноември, во училиштето во Влае, голем број ученици се пожалиле на стомачни тегоби. Надлежните институции веднаш извршиле земање мостри од храна, вода, како и брисеви од површини и вработени. Резултатите од овие анализи се очекуваат да бидат познати до крајот на денот.

– Секој сигнал за здравствен ризик се третира сериозно, особено кога станува збор за основни училишта, изјавија од надлежните институции.

Надлежните ги повикуваат родителите да ги следат здравствените состојби на своите деца и да се обратат кај лекар доколку забележат симптоми како повраќање, дијареа или болки во стомакот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk