Статистичките податоци на Светската здравствена организација покажуваат дека во Македонија има висока стапка на пушење, односно над 46 отсто од возрасните мажи и 27 отсто од возрасните жени користат тутун или некаков никотински производ, изјави заменик министерот за здравство Јовица Андовски на заедничката прес-конференција со директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, претставникот на Светската здравствена организација и шеф на Канцеларијата во Македонија Аким Али и претставничките на Обединетите нации и УНИЦЕФ, Рита Колумбија и Лесли Милер, денеска, по повод одбележувањето на Светскиот ден без тутун.
Како што посочи Андовски, употребата на тутун доведува до загуба на продуктивност и економски загуби, нагласувајќи дека секој еден денар инвестиран во контрола на тутун, носи поврат од 18 денари заштеда на здравствени трошоци.
Употребата на тутун предизвикува и здравствени трошоци и може да се доведе до загуба на продуктивност, што придонесува до економски загуби.
Секој еден денар инвестиран во контрола на тутун носи поврат од 18 денари заштеда на здравствени трошоци и добивки во продуктивност. Овие податоци реално ја отсликуваат потребата од контрола на тутун како еден голем здравствен императив … Сепак би сакал да истакнам дека контролата на тутунот не зависи само од здравствениот сектор. Еден од клучните аспекти е инспекторскиот пристап и поддршката од сите институции за доследно спроведуање на законите, регулирање на сите прозиводи што користат тутун и никотин, како и воведување на нови мерки согласно потребите – нагласи Андовски.
Шефот на канцеларијата на СЗО во Скопје, пак, во своето обраќање истакна дека седум милиони деца во светот се пушачи. Вознемирувачки е, вели, фактот дека седум од десет пушачи во земјава започнале со пушење од рана детска возраст.
Седум милиони деца насекаде во светот се пушачи. Навистина е вознемирувачки да се знае фактот дека седум од десет пушачи во Македонија започнале со пушење во рана детска возраст. Ќе се согласите со мене дека е неприфатливо податоците од 100 смртни случаи поврзани со тутунот, една петтина припаѓаат на пасивното пушење, така што пушачите не го уништуваат само сопственото здравје, туку и здравјето на своите деца, членовите на семејството и општата јавност. Кога луѓето користат тутун, покрај болестите како што се канцерот, респираторните болести кои се јавуваат во текот на животот, дури и оние пациенти кои се пократко хоспитализирани, тие сепак остануваат подолго во споредба со другите пациенти и нормално тоа ги зголемува трошоците – рече Али.
Пушењето е еден од главните причинители за голем број на незаразни заболувања, посочи директорката на ИЈЗ Андоновска, затоа, рече, мора постојано да се потсетува населението за негативното влијание на пушењето врз нивното здравје. Алармантни се податоците од истражувањата, вели, дека половина од возрасната популација во државата се активни пушачи.
Еден од главните причинители за голем број на незаразни заболувања, мора да го потсетуваме населението за влијанието на пушењето врз нашето здравје.
весни сме за штетата која ја предизвикуваат овие производи, алармантноста од податоците на истражувањето на сите ни е добро познато. Кога половина од возрасната популација на една држава изјавиле дека се активни пушачи не можеме да седиме мирни, туку веднаш мора да донесеме мерки за зачувување на здравјето на населението.
Како Институт за јавно здравје сме вклучени во борбата против тутунските производи низ целата година, а не само денес … Од самото мое доаѓање во Институтот за јавно здравје веднаш ја отворивме линијата за откажување од пушење „Не пуши, откажи се“, на која што граѓаните кои што сакаат да престанат да пушат можат да се обратат за совет, но и за поддршка. Со гордост можам да кажам дека успешно работи линијата и на неа имаме бројни повици и резултати на луѓе кои што со помош на оваа линија и со стручната помош на вработените во Институтот се откажале од пушење – рече Андоновска.
Вели околу 10 проценти од лицата кои што се јавиле на линијата, успешно се откажале од пушење.
Околу 10 проценти од лицата кои што се јавиле на оваа линија успешно се откажале од пушење. Можеби процентот не изгледа висок, но во споредба со западните земји каде постојат вакви линии резултатите се слични или исти со процентот на откажување којшто се движи од 10-12 проценти од јавувачите – рече Андоновска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата