Во текот на утрешниот ден времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места во западните делови од снег и ќе се зголеми снежната покривка.
Потоа во следните два дена ќе преовладува претежно стабило време со услови за појава на магла по котлините и слаб локален дожд, соопшти УХМР.
Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни и пообилни. Во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 km/h).
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата