„Извршени се инспекциски на неколку правни лица. На шест веќе се одземени лиценците, на уште неколку на следна владина седница ќе им бидат одземени лиценците, бидејќи не постапувале согласно закон, а на лицата за коишто веќе е покрената истрага, лицата кои веќе имаат кривична пријава кај кои е запленет овој цвет од канабис, ќе отпочне процес, претпоставувам, и во рамките на тој процес ние ќе слушаме и ќе гледаме што се случувало“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за пронајдените количества на нелегална марихуана во Македонија.
„Се сеќавам дел од поранешната Влада одеше и чекор понапред, па сакаше да прогласи зони каде ќе се консумира во еден град во југозападна и еден град во југоисточна Македонија. Таа развојна канабис стратегија на претходната Влада ќе има последици и во наредните десет години. Јас сакам да упатам јасна порака до граѓаните, и за првиот случај со Груби и за вториов, да бидат спокојни. Работата е под контрола. Исто како што улиците се исчистија од криминал, така доаѓа времето кога ќе ја исчистиме државата од политичките криминалци кои оставиле голема трага во минатото, но за жал поради нивните политики и во годините кои следат ќе треба да се справуваме со овие штетни, недржавни канабис-политики“, заклучи Мицкоски.
Филипче е исплашен од тоа што следи по исказите на Артан
„Јас и македонската јавност ќе го држи за збор Венко Филипче, за тоа што вчера го кажа во вашата емисија“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски коментирајќи ги обвинувањата на лидерот на СДСМ Венко Филипче за наводно постоење на политички договор со ДУИ.
Премиерот Мицкоски истакна дека Филипче е исплашен од исказите на Груби, но како што рече ќе дојде момент на соочување со правдата, па потоа да не биде дека има политички реваншизам.
„Кога ќе дојде до тој момент, имам такво чувство дека ќе дојде, да не биде потоа политички реваншизам или нешто друго. Да не биде после тоа како за модуларната „јас не сум виновен“, како од едно во друго министерство се движи тој проект, па како се случува и слично. Да не биде дека еве некој политички некој му се реваншира. Тоа е суштината кај СДСМ и нивните прокси ботови, исплашени се од тоа што ќе следи“, дециден е Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата