Попладнево министерот Мисајловски учествуваше на 28-от состанок на Контакт групата за Украина, кој се одржува во организација на секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Џон Хејли и министерот за одбрана на Сојузна Република Германија, Борис Писториус.
- Во рамки на состанокот на министри за одбрана на НАТО денеска во Брисел учествував на состанокот на Контакт групата за Украина која се одржа во организација на секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Џон Хејли и министерот за одбрана на Сојузна Република Германија, Борис Писториус.
На состанокот беше разговарано за актуелната состојба и безбедносните предизвици од овој конфликт и истовремено беа разменети информации, ставови, искуства како и идните приоритети на Алијансата во насока на зајакнувањето на координацијата меѓу земјите-членки. Овие дискусии се од особено значење за градење заеднички одговори на современите безбедносни предизвици и зајакнување на довербата меѓу сојузниците, објави Мисајловски.
Утрешниот министерски состанок е продолжение на подготовките за Самитот на НАТО и на истиот е предвидено да се разговара за новите Цели на способност во насока на зајакнување на одвраќањето и одбраната, зголемување на инвестициите наменети за одбрана, поддршката за Украина и нуклеарно одвраќање.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата