logo
logo
logo

За мерката млад земјоделец има 117 апликанти за околку 70 милиони денари

Vecer | 21.08.2025

За мерката млад земјоделец има 117 апликанти за околку 70 милиони денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присустува на увид на градежни активности на нова детска градинка во Потстаница, Драчево во Општина Кисела Вода. Тој беше запрашан за мерката млад земјоделец на кое даде свое видување.

– Поради изборните ограничува не сме во можност да ја промовираме иако огласот е завршен и филтерот е направен, има 117 корисници, апликанти за околку 70 милиони денари, изјаци Мицкоски.

Мерката за поддршка на млад земјоделец е многу значајна иако бројката 117 не делува грандиозно.

– Имајќи предвид дека во 2023 година од 44 апликнти само 18 се корисници, каде што станува збор за неколкукратно зголемување. Така што, веднаш по завршувањето на Локалните избори кога ќе ги немаме овие законски ограничувања и формално ќе биде ставена во функција оваа мерка за поддршка на младите земјоделци, потенцира Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk