logo
logo
logo

НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, ДУИ нема морално право да критикува

Vecer | 20.09.2025

НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, ДУИ нема морално право да критикува

Владината коалиција е едногласно на став дека нема потреба од предвремни избори, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити.

Како што истакна Меџити, ДУИ нема морално право да критикува и особено да зборува за евроинтеграцискиот процес, зашто кога беше на власт имаше шанса, но не направи ништо во тој правец.

„Имаме пред нас скоро три години од мандатот со утврдена програма, проекти и ветувања пред граѓаните. Интензивно работиме на нивна реализација. Владината коалиција едногласно е на став дека нема потреба од предвремни избори зашто тие се непотребни трошоци за граѓаните. ДУИ имаше шанси последните осум години кога раководеше и со МНР, но ни милиметар не ги раздвижи работите во правец на европска интеграција. Затоа нема морално право да критикува или да зборува на оваа тема, а Владата останува посветена и еден од највисоките приоритети е токму европската интеграција“, подвлече Меџити, одговорајќи на новинарски прашања по прмотивниот настан на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за скопски градоначалник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk