logo
logo
logo

Во овие градови прво ќе стартува системот БЕЗБЕДЕН ГРАД ВО СООБРАЌАЈОТ

Vecer | 29.08.2025

Во овие градови прво ќе стартува системот БЕЗБЕДЕН ГРАД ВО СООБРАЌАЈОТ

Во Град Скопје, во општините Тетово и Куманово, како и долж коридорите „8“ и „10“ од 1 јануари 2026 ќе биде импленетиран проектот „Безбеден град, безбедна држава“. Се очекува до средината на наредната година да биде покриена целата територија на државава.

Ова го соопшти Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Охрид на средбата со неговиот словенечки колега Боштјан Поклукар.

Информираше дека измените во законот за безбедност во сообраќајот и патиштата во кои се имплементирани одредбите за „Безбеден град“ вчера во Собранието го поминаа првото читање пред матичната комисија. Тошкоски порача дека со овој закон не се предвидува казнување на граѓаните со цел да се полни буџетот туку дека целта е да се спасат човечки животи.

-Целта на овој систем не е да бидат казнувани македонските граѓаните, целта на овој систем не е да се полни буџетот на Република Македонија, целта на овој систем е да се спаси барем еден човечки живот. Бројките се страшни. Во 2024 година имаме 142 жртви како последица на не почитување на сообраќајни правила и сообраќајни незгоди кои се случиле. Сигурен сум дека бреојките ќе се намалуваат со ставање на системот во фнкција – нагласи Тошковски.

Министерот порача дека контролите ќе продолжат и дека ќе ги заострат казните особено во рамките на Кривичниот законик, па освен парична казна ќе се изрекува и казна затвор и трајно одземање на возилата со кои се сторени кривичните дела.

Наредниот период ќе бидат променети пакт закони за да може да го ставиме системот сејф сити во функција така како што треба, а пак стапувањето во сила на сите овие измени е 1.1.2026. За почеток ќе почнаеме со имплементација во рамки на град Скопје Тетово и Куманово, а до средина на 2026 година на територија на цела држава….“, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски

Тој детално објасни што е намерата.

Оној којшто седнува позади волан без возачка дозвола, под дејство на алкохол или психотропни супстанци или пак управува моторно возило повеќе од 90 над дозволено, значи ако е дозволено 120 тој управува повеќе од 200 – 210 тој не заслужува да поседува возчка дозвола и не треба да управува моторно возило. Така да во идиниа ќе ги заостриме казните особено во рамки на кривичниот законик, покрај парична казна ќе се изрекува и затворска, а возилата со кој што ги сторуваат овие кривични дела со кој што можат да предизвикаат и смртни последици ќе бдиат трјано одземени“, вели Тошковски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk