logo
logo
logo

ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ЈА ОСУДИ ЗАБРАНАТА НА СОФИЈА КОН АДВОКАТОТ МЕНКИНОСКИ

Vecer | 07.03.2026

ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ЈА ОСУДИ ЗАБРАНАТА НА СОФИЈА КОН АДВОКАТОТ МЕНКИНОСКИ

Демократскиот сојуз го осудува потегот на властите во Софија да му изречат забрана за влегување во државата во траење од 10 години на адвокатот Тони Менкиноски, правен застапник на здруженијата на Македонците од Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур.

„Ова е чин без преседан во земја членка на Европската Унија која му забранува право на движење и професионален ангажман на еден адвокат во земја членка на ЕУ само поради фактот што застапува граѓани кои се борат за своите малцински права. Бугарија со оваа постапка пред цела Европа дрско и безобразно демонстрира дека не само што не ги признава Македонците како малцинство, туку ја попречува и нивната битка за регистрација на здруженијата што ја водат пред Судот за човекови права во Стразбур, кој досега изрече 14 пресуди во нивна полза“, се наведува во реакцијата на Демократскиот сојуз.

Според партијата, очигледно е дека официјална Софија, која со години ја игнорира правдата од Стразбур, почнува да покажува нервоза и на бескрупулозен начин да се пресметува со оние кои успеваат да го докажат нејзиното антицивилизациско поведение на негирање на Македонците.

Демократскиот сојуз очекува реакција од европските и од меѓународните организации за човекови права за овој чин, а истовремено ги повикува македонските власти да реагираат со протестна нота до Софија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk