logo
logo
logo

Нашиот одговор нема да биде со прес-конференции, туку со апсења - ЗА 2 ДЕНА ЧЕТВОРИЦА НАСИЛНИЦИ СЕ СООЧИЈА СО ПРАВДАТА

Vecer | 07.03.2026

Нашиот одговор нема да биде со прес-конференции, туку со апсења - ЗА 2 ДЕНА ЧЕТВОРИЦА НАСИЛНИЦИ СЕ СООЧИЈА СО ПРАВДАТА

Во текот на вчерашниот ден, две лица беа лишени од слобода во врска со семејно насилство и им е определен 30 дневен притвор. Денеска, уште двајца ќе се соочат со правдата по брза постапка, едниот за семејно насилство, а другиот за демнење на жена. Ова е јасна порака дека насилството и вознемирувањето нема да се толерираат, посочи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

- Како министер за внатрешни работи, сакам јасно да порачам дека МВР постапува бескомпромисно. Секој што ќе крене рака на друг или ќе помисли дека може да малтретира, демне и заплашува жена, ќе се соочи со институциите и со законот.

Ги охрабрувам сите граѓани, особено жртвите на семејно насилство и било какво вознемирување, да пријавуваат. Институциите сега се тука да ве заштитат, брзо и одлучно.

А оние што денес глумат морални судии и организираат пресови со „крвави раце“, обидувајќи се од трагедиите да направат политички спектакл, нека продолжат со тоа. Истите тие со години ја третираа полицијата како алатка за заштита на сопствените криминални и партиски интереси, наместо како институција што ги штити граѓаните. Нашиот одговор нема да биде со прес-конференции, туку со апсења, постапки и институции што конечно работат, посочи Тошковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk