Британскиот амбасадор во земјава Метју Лосон ги демантира тврдењата дека постојат и дека постоеле преговори меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти. Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, Лосон истакнува дека британската влада ниту преговарала, ниту има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за македонската влада. Нагласува дека таков договор не постои и никогаш не постоел.
Во разговорот, амбасадорот се осврнува и на стратешката соработка меѓу двете земји, можностите за визна либерализација, како и на евроинтеграциите и потенцијалната улога на Лондон во дијалогот меѓу Скопје и Софија. Целиот разговор со британскиот амбасдор Лосон, во емисијата „Европат”.
СДСМ, а особено нивниот в.д претседател Венко Филипче, длабоко заглавија со ова ширење лажна вест последниве месеци, па дури и секој црномурест работник ангажиран во Македонија од приватни фирми беше сликан и даван по порталите и социјланите мрежи со тврдење: Еве, почнаа да ги носат могрантите од Британија!.
Со месеци Филичпе и соработниците тврад дека Маекедонија во договорот за партнерство со Велика Британија прифатила оттаму во Македонија да се преселат иљадници мигранти, што беше вознемирување на јавноста и тешка лага на СДСМ во која лага се злоупотребува и Велика Британија.
Изјавата е дадена (дали случајно) токму на есдесовската ТВ 24. За одбрана публика, а потоа и за сите други.
Британија не е било кој во севкупниот Западен свет, не само во Европа, и СДСМ сосе Венко Филипче можат да сметаат дека рејтингот и нивната положба кај Британија е под нивото на толеранција. А Филипче би требало да знае што значи тоа, и каков одговор од Лондон може да очекува во иднина и тој, и партијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата