logo
logo
logo

МЕТЛАТА ПОЧНА ДА ЧИСТИ И ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Ѓорѓиевски отстрани од работа 371 лице, кои не работеле, а земале плата!

Vecer | 06.11.2025

МЕТЛАТА ПОЧНА ДА ЧИСТИ И ВО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА: Ѓорѓиевски отстрани од работа 371 лице, кои не работеле, а земале плата!

Во моменетов отстранети од работа од јавните претпријатија се вкупно 371 лице, кои што или не оделе на работа, или пак вршеле злоупотреба на своето работно место, а сето тоа го плаќале граѓаните. Тие активности ќе продолжат и во наредните денови и за сето тоа ќе бидете дополнително информирани – изјави вечерва градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

– Има една информација која стигна вечерва до мене, а поткрепена со документи и ги повикувам надлежните институции да постапуваат, а тоа е дека биле ангажирани возила изминатиов период за чистење во „Комунална хигиена“, и тие возила се плаќани на име на физички лица на име на интелектуални услуги, во износ од 5 до 10 илјади евра, така што повикувам да се вклучат институциите надлежни за ова и да ја испитаат работата. Јас најавив дека ќе има одговорност и ревизија и еве вечерва ве информирам дека имаме сериозни индиции за прекршување на законите, особено во „Комунална хигиена“ – рече Ѓорѓиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk