logo
logo
logo

ДА БЕШЕ БИЛО КОЈ ДРУГ ЌЕ ОДЕШЕ ВО ШУТКА, но со 10 гласа „ЗА“ ќе му се одземе имунитетот на судијата Ѓоко Ристов – и ќе оди во куќен притвор

Vecer | 20.01.2026

ДА БЕШЕ БИЛО КОЈ ДРУГ ЌЕ ОДЕШЕ ВО ШУТКА, но со 10 гласа „ЗА“ ќе му се одземе имунитетот на судијата Ѓоко Ристов – и ќе оди во куќен притвор

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска на итна седница со 10 гласа „за“ му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, одобри мерка куќен притвор и донесе одлука за негово времено оддалечување од судиската функција, по барање на Основниот кривичен суд Скопје.

Судијата Ристов е осомничен за противправно стекнување и прикривање имот и за перење пари, откако полицијата во домот на неговите родители во Неготино пронашла 350.000 евра заѕидани во ѕид, за кои постои сомневање дека се незаконски стекнати.

Претходно, ОЈО ГОКК предложи определување куќен притвор и мерки на претпазливост, вклучително и одземање патни исправи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk