logo
logo
logo

Отказ на сите што земаат плата, а не одат на работа

ЌУРА ПОТПИША ДА СЕ ПРОДАДЕ СЛУЖБЕНОТО „АУДИ А6“ ШТО ГО КУПИ МЕРКО

Vecer | 10.11.2025

ЌУРА ПОТПИША ДА СЕ ПРОДАДЕ СЛУЖБЕНОТО „АУДИ А6“ ШТО ГО КУПИ МЕРКО

Претседателот на општинската изборна комисија Минир Жута денеска официјално му го врачи уверението на новиот градоначалник на општина Струга Менди Ќура, по што во општинската зграда се изврши примопредавање на функцијата од досегашниот градоначалник Рамиз Мерко.

Ќура на прес-конференција се заблагодари за поддршката и вети дека ќе биде градоначалник за сите граѓани на Струга, без разлика дали го дале својот глас за него и оти веднаш ќе почне со реализација на ветеното. Повтори дека од денеска почнуваат промените во општина Струга.

Тој нагласи дека веднаш потпишал предлог одлука за продажба на службениот автомобил „ауди“ и дека својот приватен автомобил ќе го користи за службени потреби.

– Денеска почнуваме од зборови на дела. Промените почнуват, мојот изборен и среќен број, 133, стои и на таблиците на мојот автомобил, кој од денеска ќе ѝ служи на Општина Струга во наредните 4 години. Исто така, донесовме важна одлука – за сите вработени кои не одат на работа со денови, месеци и со години, а некои од нив работат во странство, од денеска почнува процес на раскинување на решенијата за вработување – рече Ќура.

Како еден од најголемите приоритети го посочи патот Мороишта-Струга, потоа решавањето на проблемот со паркинг местата, комуналните проблеми.

Во врска со проблемот со депонијата во Струга, смета дека ќе се реши со отворањето на регионална депонија што се очекува да се случи во 2026 година.

Ќура рече и дека во договор со Владата во наредните денови комуналното претпријатие ќе добие 8.000 канти за смет, како и возила за потребите на претпријатието.

Градоначалникот Ќура најави ревизија за работата на Општината и за сите јавни претпријатија, како и посебни комисии, кои ќе ја евидентираат фактичката состојба на терен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk