logo
logo
logo

Евакуиран „Сити мол”, стигнала дојава дека е поставена бомба (ВИДЕО)

Vecer | 25.04.2026

Евакуиран „Сити мол”, стигнала дојава дека е поставена бомба (ВИДЕО)

Посетители и вработени во трговскиот центар “Сити мол” се евакуирани по дојава за поставена бомба. Пред раскрсницата има и полициско обезбедување.

“Денеска (25.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „City mall“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри”, велат од МВР.

Ова е втор викенд по ред како се евакуира трговски центри. Претходниот викенд евакулирани беа Ист гејт и Дајмонд мол.

Детали се очекувааат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk