logo
logo
logo

СУДОВИТЕ СЕ НЕАЖУРНИ, ИМ СЕ ТРУПААТ НЕРЕШЕНИ ПРЕДМЕТИ поради јануарските празници и недостигот на судии?

Vecer | 04.06.2025

СУДОВИТЕ СЕ НЕАЖУРНИ, ИМ СЕ ТРУПААТ НЕРЕШЕНИ ПРЕДМЕТИ поради јануарските празници и недостигот на судии?

Судството во првите три месеци од годинава не било ажурно, а за тоа време биле решени 137.725 предмети, покажа извештајот за работата на судовите што беше разгледан денеска во Судскиот совет.

Тримесечните извештаи за работата на судовите за 2025 година покажуваат дека повеќето од судовите во Македонија биле неажурни.

Почетокот на годината судовите го започнале со 133.882 предмети, а примиле во работа 148.588 предмети, што значи дека вкупно за работа имале 282.470.

Помалиот број решени предмети во споредба со примените во овој период се должи на намалениот обем на работа поради многуте празници во јануари и префрлањето предмети од претходната година, наведоа членовите на Советот во дискусијата. Причина за неажурноста, исто така, велат дека е и малиот број на судии.

Судскиот совет оцени дека се постигнати задоволителни резултати, со оглед на околностите.

Како проблем за ефикасноста на судовите беше напомената и состојбата со службите, како записничари, стручни соработници, советници на судиите, кои треба да се вработат, но за нивното вработување нема согласност од Министерството за финансии.

– Ова е уште една причина да бидеме погласни. Имаме испратено бројни ургенции и апели за да ја постигнеме финансиската независност на судството, но засега тоа не вроди со плод – рече претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk