Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од зголемениот интерес кај младите за запишување на факултетите за инженерски науки, истакнувајќи дека новите генерации точно препознаваат во која насока се движи современиот свет. Тој направи директна споредба меѓу сегашниот фокус на Владата врз високата технологија и економските политики на претходната власт.
„Охрабрува податокот што на факултетите за инженерски науки за 30% е зголемен интересот за запишување. Тоа значи дека младите јасно се определуваат каде оди човештвото и ние ќе го пратиме тој процес. Додека сум јас претседател на владата натаму ќе ја развивам државата. Кога ќе дојде друга опција, тие имаат марихуана економија. Нивната економија се темелеше на марихуана, на еден ресторан во источна Македонија каде што се исплаќаше арачот којшто макотрпно го заработуваа граѓаните. Ние како влада, во оваа насока, со вештачка интелигенција ќе ја развиваме нашата економија и додадената вредност во нашата економија“, рече Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата