logo
logo
logo

За Филипче и Заев „се е под контрола“, значеше дека ТЕНДЕРИТЕ ИМ СЕ ПОД КОНТРОЛА

Vecer | 01.12.2025

За Филипче и Заев „се е под контрола“, значеше дека ТЕНДЕРИТЕ ИМ СЕ ПОД КОНТРОЛА

СДС може да зборува за реформи и европски вредности колку што сака, но нивното седумгодишно владеење се бележи само по тендерите, значи тендери како политика, тендери и како идеологија, па дури можеби и како лична легенда, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче се обидува да ја изгради улогата на морален коректив во опозиција, ама јасно е дека нивната матрица не се менува, прво направи хаос, па направи уште поголем хаос да го прикриеш првиот, обвини некој трет, изигравај жртва.

Така, во периодот 2019-2021 година, или златната ера на тендерските шеми на Заев и Филипче, отпишани се 2000 тони јачмен и пченица во вредност од околу 800.000 евра од стоковите резерви.

Пченицата инаку била во употреблива состојба, па направен е записник кој го негира тоа, и донесен на владина седница, кога Филипче е дел од владината структура.

За да се прикрие ова, се склучуваат два тендери за набавка на 20.000 тони со соседна држава за да се пополнат дупките во залихите.

Заев, Филипче и Николовски ги убедуваа граѓаните дека се е под контрола, дека се функционира професионално, но за ова трио тоа значеше само дека внимателно си ги контролираат тендерите.

И сега, како може СДС да се реформира кога самиот лидер е дел од истите шеми за кои избегнува да зборува?

Наместо да се оградат, СДС го продава Филипче како ново лице на опозицијата и партијата ќе продолжи да тоне бидејќи не може човек кој не ја заштити државата кога беше на власт, сега да дели совет додека е во опозиција, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk