Американскиот бизнисмен со македонско потекло Никола Андреевски од Чикаго присуствуваше на значаен донаторски настан за кандидатот за Конгрес од Ајова Џо Мичел, кој се одржа во Мар-а-Лаго, вилата во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп.

На настанот присуствуваа и бројни истакнати политички личности, меѓу кои и Том Емер, Majority Whip во Претставничкиот дом на САД, како и Џејсон Смит, претседател на Комитетот за буџет и даночна политика(House Ways and Means Committee) — еден од највлијателните комитети во Конгресот, кој креира политики за даноци, трговија, тарифи и клучни економски прашања.

Ова не е првпат Андреевски и претставници на балканската бизнис-заедница да присуствуваат на ваков настан. Во мај 2025 година тие учествуваа и на слична донаторска средба во Мар-а-Лаго, заедно со поранешниот гувернер на Илиноис Род Благојевиќ, со што дополнително се зајакнаа врските меѓу балканско-американските претприемачи и влијателните кругови во американската политика.

За време на настанот, Андреевски заедно со други бизнис лидери од Балканот оствари средби со американски политички фигури, при што беше истакната растечката улога на македонската бизнис дијаспора и нејзиното значење во поврзувањето на Македонија со економските и политичките центри во САД.
Меѓу присутните беше и Ерик Бранстад, син на поранешниот гувернер на Ајова и поранешен американски амбасадор во Кина Тери Бранстад, кој воедно беше и висок советник во претседателската кампања на Доналд Трамп во Ајова во 2024 година.
Настанот ја потврди сè поактивната улога на македонската бизнис заедница во САД, која отвора нови можности за соработка, инвестиции и економско поврзување со Македонија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата