logo
logo
logo

ЌЕРКАТА НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ БИЛА ВО ОДБОРОТ НА ЕСМ, СДСМ И ДУИ КРАДЕЛЕ

Vecer | 23.12.2025

ЌЕРКАТА НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ БИЛА ВО ОДБОРОТ НА ЕСМ, СДСМ И ДУИ КРАДЕЛЕ

Државното претпријатие ЕСМ било третирано како партиски плен на СДСМ и ДУИ, затоа ќерката на поранешниот собраниски спикер Талат Џафери била дел од Надзорниот одбор во време кога биле правени криминали, обвини пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ од партиската говорница.

„Истиот оној Талат Џафери, кој СДСМ и ДУИ со две раце го гласаа, за да стане незаконски претседател на Собрание и неговата ќерка да биде изгласана да биде дел од Надзорниот одбор на ЕСМ.

Затоа на СДСМ и на ДУИ не им се допаѓа темата, затоа што во секоја пора од општеството цветаше корупција и криминал“, обвинува Петрушевски.

Петрушевски тврди и дека, како што вели, затоа СДСМ и ДУИ молчат и не се оградуваат од местените тендери вредни 8 милиони евра во ЕСМ Снабдување со топлина и испраните 2 милиони евра кој завршиле во нечиј џеб.

„Каде завршиле овие 2 милиони евра, дали кај структури блиски до врвот на СДСМ или во ДУИ? Дали лица од тогашниот врв на СДСМ и ДУИ имаат вмешано прсти во случајот? Јавноста заслужува одговори и заслужува да види како СДСМ и ДУИ раководеа со државните институции.

Јавното обвинителство треба да постапи транспарентно, независно и одговорно. Правда мора да има!“, подвлекува Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk