logo
logo
logo

Приведен возач од гостиварско, кој синоќа со возило усмрти пешак

Vecer | 05.09.2025

Приведен возач од гостиварско, кој синоќа со возило усмрти пешак

На 04.09.2025 во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар - с.Градец, во с.Добридол, гостиварско, патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(30) од с.Врапчиште, гостиварско, удрило во пешакот З.Ш.(65)  од с.Добридол. По несреќата, пешакот З.Ш. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што починал, а лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, а по член 300 од Кривичниот законик – „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, околу 21:10 часот од слобода бил лишен возачот  Г.Б.. Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово - ОВР Гостивар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk