logo
logo
logo

АЕРОДРОМ ПОЧНА СО СРЕДУВАЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ОПШТИНАТА (ВИДЕО)

Vecer | 14.11.2025

АЕРОДРОМ ПОЧНА СО СРЕДУВАЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ОПШТИНАТА (ВИДЕО)

Во општина Аеродром денес започна опсежната акција за воспоставување ред и ослободување на јавните површини од нелегални објекти.

Меѓу првите е поранешниот локал „Дежаву“ кај Капитол Мол, кој со години се наоѓаше на место идентификувано како дивоградба и незаконска узурпација на јавен простор.

Рано утрово, механизацијата пристигна на терен, а објектот беше целосно урнат во координација со инспекциските служби.

Според документацијата, станува збор за конструкција без одобрение за градба, поставена на општинска површина наменета за пешачки и јавни содржини.

Општина Аеродром претпоставуваме дека ќе продолжува и на други локации каде се утврдени нерегуларности, со цел постепено отстранување на сите дивоградби што го нарушуваат урбанистичкиот поредок во општината.

Жителите во околината го поздравуваат потегот на општината и коментираат дека расчистувањето било неопходно и дека јавниот простор долго време бил блокиран со нелегални објекти.

Со денешното уривање, започна фазата од акција чија цел е враќање на уредениот изглед на општината и ослободување на површините наменети за граѓаните.

Извор: 24инфо

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk