logo
logo
logo

„Со вакви инвестиции ќе ги ПОТТИКНЕМЕ ЛУЃЕТО ДА СЕ ВРАТАТ ДОМА“

Vecer | 01.03.2026

„Со вакви инвестиции ќе ги ПОТТИКНЕМЕ ЛУЃЕТО ДА СЕ ВРАТАТ ДОМА“

Во регионот на Крива Паланка во периодот што следува ќе влезат неколку стотици милиони евра инвестиции за проекти што ќе ја поврзат Македонија со соседите преку Коридорот 8, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Ваквите проекти се само додадена вредност во животот на граѓаните, додаден вредност за македонската економија, изјави Мицкоски.

Премиерот очекува дека во следниот период во овој дел од државата ќе бидат вложени неколку стотици милиони евра посочувајќи на поврзување на коридорите, а Крива Паланка е влезна точка на коридорот 8.

-Кога зборувам неколку стотици пред сè мислам на третата фаза од пругата којашто треба да почнеме да ја реализираме, забрзување на втората фаза, нешто за што зборуваше и министерот и потпретседател во Владата. Но исто така и патната инфраструктура не останува незабележана и не реновирана и не реконструирана, напротив се реновира, се реконструира, се гради новите делници коишто треба да го заобиколат влезот во Куманово за тие коишто сакаат да патуваат директно на исток, односно до Крива Паланка и до нашиот источен сосед, потенцира Мицкоски.

Премиерот додаде дека целокупното ова инвестирање очекувa од Крива Паланка да направи навистина богат, пристоен град во којшто луѓето ќе бидат среќни, задоволни, ќе се вратат оние коишто ја напуштиле Крива Паланка тука и ќе можат заедно со своите семејства да го продолжат животот тука.

- Луѓето коишто поради оправдани причини ја напуштиле Македонија, ги напуштиле своите домови гледаат сега дека таму каде што отишле посебно во делот Западна Европа состојбата не е таква каква што очекувале мислам дека со вакви инвестиции ќе претставуваат мотив и ќе можеме да ги вратиме луѓето дома и тука да си ја развиваме нашата македонска економија, бидејќи сега е моментот имајќи предвид сите оние случувања коишто не се само во Европа, гледаме и малку пошироко дека светот денеска живее и минува низ едни бурни времиња.

„Така што како Влада продолжуваме да се фокусираме на реализацијата на овие инвестиции, на капиталните инвестиции. Многу пати сме спомнале дека Македонија е држава којашто е практично раскрсница на два многу важни европски коридори, коридорот 8 и коридорот 10, патничкото поврзување, железничкото поврзување па и енергетското ако сакате претставуваат приоритет на оваа Влада, впрочем и самите резултати на растот на БДП тоа го потврдуваат, анализирањето на овие инвестиции. Ќе продолжиме и понатаму тој приоритет да го реализираме. Јас очекувам многу скоро денеска сето ова за коешто зборувавме овие речиси две години од мандатот на оваа Влада да биде реализирано“, нотира Мицкоски.

– Ваквите инвестиции ќе ги поттикнат луѓето да се вратат дома. Продолжуваме да се фокусираме на капиталните инвестиции. Очекувам многу скоро од денеска, се она што зборуваме овие две години, да биде реализирано, рече Мицкоски.

„Така што уште еднаш нека ни е со среќа овој нов реконструиран би рекол пат, нека ни бидат со среќа и сите оние нови делници од коридорот 8 што ќе ги реализираме во периодот којшто следи и на ваков начин да им се оддолжиме да граѓаните коишто ја даваат поддршката на оваа Влада, ја даваат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ.

Ви благодарам и нека ни е со аирлија“, потенцира во изјавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk