logo
logo
logo

Македонец почнал да се дави во Олимпик бич, СРБИН СКОКНАЛ ВО ВОДАТА И ГО СПАСИЛ

Vecer | 05.06.2025

Македонец почнал да се дави во Олимпик бич, СРБИН СКОКНАЛ ВО ВОДАТА И ГО СПАСИЛ

Србин му го спаси животот на маж од Македонија, oбјави страницата „Грчка инфо“. Сопругот и сопругата држејќи се за раце влегле во вода во познатото летувалиште Олимпик бич. Сопругата била пливач, но сопругот не знаел да плива. Се движеле на околу 50 метри од брегот, каде што водата била длабока до половината, кога одеднаш се слушнал крик и повик за помош. Во тој момент, млад човек од Србија, кој бил на плажата, скокнал од лежалката и без размислување се стрчал кон водата за да помогне. Успеал да го извлече човекот од водата и да го изнесе на брегот!

За среќа, меѓу капачите имало и докторка која веднаш започнала со реанимација. По одредено време, човекот почнал да покажува знаци на живот – ги помрднувал рацете и нозете. Брзата помош стигнала брзо, а благодарение на брзата реалција на присутните и навремената помош човекот е спасен.

Видеото погледнете го овде

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk