logo
logo
logo

Фолиите во кои беа пронајдени 350.000 евра не се контаминирани

Vecer | 15.07.2026

Фолиите во кои беа пронајдени 350.000 евра не се контаминирани

На вчерашното рочиште во предметот против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, обвинет за прикривање имот и перење пари, вештак на Министерството за внатрешни работи изјави дека ДНК-материјалот пронајден на фолиите во кои биле завиткани 350.000 евра, пронајдени во ѕид од куќата на родителите на Ристов, не е контаминиран.

Со ова, вештакот ги отфрли тврдењата на одбраната, која претходно посочи дека при вештачењето на еден од експертите му се скинала ракавицата, поради што, според нив, дошло до секундарен пренос и контаминација на ДНК-доказот.

На рочиштето беше презентирана и електронска комуникација од мобилен телефон, одземен во друг кривичен предмет, поврзан со група обвинета за проституција и трговија со дрога. Во судницата беа прочитани пораки со Гани Туша, обвинет во случајот „Беланоца“, кои, според обвинителството, се однесуваат на притвори и гаранции за кои одлучувал Апелациониот суд.

Според обвинителството, оваа комуникација упатува на договарање на судски одлуки меѓу обвинети лица и лица надвор од постапката.

Инаку, вчера беше запален автомобилот на судијата Ѓоко Ристов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk