logo
logo
logo

СДСМ ДА РАСЧИСТИ СО ФИЛИПЧЕ, ЗАЕВ И НИКОЛОВСКИ: Дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од 800.000 евра од стокови резерви да завршат на црн пазар на соседна држава

Vecer | 30.11.2025

СДСМ ДА РАСЧИСТИ СО ФИЛИПЧЕ, ЗАЕВ И НИКОЛОВСКИ: Дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од 800.000 евра од стокови резерви да завршат на црн пазар на соседна држава

СДСМ да расчисти со актуелниот претседател Венко Филипче и неговиот претходник Зоран Заев, бара ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека најновиот скандал со отписот на  2.000 тони пченица и јачмен за време на претходната влада, како што велат, ги разобличува скандалите на партијата,

„Се разобличуваат скандалите од времето кога СДСМ беше власт, и сето тоа е показател за структурниот хаос, распаднатите институции и неодговорноста на СДСМ.

Случајот со стоковите резерви е само уште едно потсетување дека институциите под контрола на СДСМ функционирале само како импровизирани конструкции без механизми за одговорност.

Отписот на 2.000 тони пченица и јачмен од стоковите резерви, преку Трајан Димковски, тогашен заменик министер за земјоделство, па потоа истите количини најверојатно завршувале на црниот пазар во соседна држава, алудираат дека ова е организирана злоупотреба од страна на тогашната власт.

И покрај укажувањата дека пченицата постоела и била употреблива, направен е записник што го тврди спротивното, т.е документ со контрадикции, кој сепак е прифатен на владина седница. Тоа значи дека Заев, екс-министерот за земјоделие Николовски и актуелниот претседател на СДСМ во опозиција, Венко Филипче, како дел од тогашната владина структура, формално легитимирале документ што не кореспондирал со фактичката состојба на терен.

А сега Филипче, преку развлечени прес излагања се обидува да се позиционира како опозициски коректив?

Не може некој кој лично учествувал во систем што дозволил вакви пропусти да биде коректив.

Ако СДСМ има намера да се реформира и да стане релевантен политички субјект во земјава, мора да покаже зрелост и да се огради од сите функционери на минатата власт.

Тоа подразбира дистанца од Заев, Николовски, а и од Филипче, бидејќи тоа се фигури кои го спречуваат секој обид за вистински реформи во партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Заев, Венко Филипче иНиколовски дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен во вредност близу 800.000 евра од државните стокови резерви да се најдат на црн пазар на една соседна држава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk