logo
logo
logo

ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМИМЕ ПЛАТИТЕ НА СУДСКО-ОБВИНИТЕЛСКАТА СЛУЖБА, дел од судии и обвинители не ја заслужуват ниту оваа плата

Vecer | 24.09.2025

ЌЕ ГИ ЗГОЛЕМИМЕ ПЛАТИТЕ НА СУДСКО-ОБВИНИТЕЛСКАТА СЛУЖБА, дел од судии и обвинители не ја заслужуват ниту оваа плата

-На цела македонска јавност и стана јасно дека не зборуваме за суштински реформи во судството и обвинителството, туку зборуваме за зголемување на буџетите со цел зголемување на платите, тоа е реформата и добро е што сега македонската јавност може да суди, дали овие кои што, мал дел кои што го загрозуват овој процес, и обвинители и судии кои што не ја заслужуват ниту оваа плата која што ја земаат.

Ќе ги зголемиме платите во судско обинителската служба, вели премиерот.

-Дали ние ќе одвоиме два пати повеќе од некои многу поразвиени членки на ЕУ, еве оставам јавноста и граѓаните да судат за платите на судите и обвинителите, тоа е суштината. Значи ние континуирано зборуваме за зголемување на платите и обвинителите. Никој не е против, измените на законот за обинителска и судска служба, тие се два закони каде што администрацијата за вработените во судовите и обвинителствата ќе ги зголемиме платите и тоа ќе го направиме и тоа е дел од преговорите што ги водиме со синдикатите и подготвени сме тоа да го направиме, и тука никој нема против затоа што дискрипанцата е пет спрема еден, седум смрема еден помеѓу нивните асистенти и помошници и самите обвинители, потенцираше Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk