logo
logo
logo

Тошковски и Мисајловски на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија – ИДЕФ 2025 во Истанбул

Vecer | 23.07.2025

Тошковски и Мисајловски на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија – ИДЕФ 2025 во Истанбул

На покана на министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Гулер министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, учествуваа на Меѓународниот саем за одбранбена индустрија – ИДЕФ 2025 во Истанбул.

Саемот беше отворен со свечена церемонија на која се обрати претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, испраќајќи силна порака за значењето на одбранбената индустрија како двигател на стабилноста, безбедноста и соработката меѓу сојузниците.

ИДЕФ претставува значајна платформа за размена на идеи, технологии и воспоставување соработка со сериозни меѓународни партнери од одбранбениот и безбедносниот сектор.

Во рамки на саемот Тошковски се сретна со претседателот на Турската агенција за одбранбена индустрија, Халук Ѓоргун, со кого и претходно има воспоставено конструктивна комуникација.

Разговарале за можностите за заеднички проекти и поддршка во процесот на модернизација на опремата и капацитетите што ги има нашата држава.

- Исто така, остваривме средба и со министерот Гулер, на која разговаравме за унапредување на билатералната соработка, заеднички вежби и размена на експертиза, со цел зајакнување на безбедносната стабилност и подготвеност.

Турција е еден од најголемите и најдолгорочни пријатели на нашата држава.

Како две сојузнички земји во НАТО, секогаш сме стоеле една до друга кога било најпотребно, во духот на солидарноста, стабилноста и заедничката безбедност.

Како држава, мораме да инвестираме во современи решенија и сојузништва што ја гарантираат нашата безбедност и ја унапредуваат позицијата на Македонија како кредибилен партнер во регионалните и глобалните безбедносни процеси, објави Тошковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk