logo
logo
logo

Мицкоски: Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар Гевгелија и натпатникот на улица Железничка, во должина од 550 метри

Vecer | 30.12.2025

Мицкоски: Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар Гевгелија и натпатникот на улица Железничка, во должина од 550 метри

Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар Гевгелија и натпатникот на улица Железничка, во должина од 550 метри, напиша на својот фејсбук профил премиерот Мицкоски.

Со овој проект се изврши темелна санација и модернизација на патната инфраструктура, со што се создадоа значително подобри услови за движење на граѓаните и возилата низ овој важен сообраќаен правец.

Инвестицијата од 25.721.284 денари, финансирана од Владата овозможи комплетна реконструкција на коловозот, изведба на нови асфалтни слоеви, санација на оштетените делови, поставување нови рабници и подобрување на сообраќајната сигнализација.

Дополнително, извршено е нивелирање на шахтите, со што се обезбедува поголема безбедност и комфор при движењето на сите учесници во сообраќајот.

Овој проект е од огромно значење за локалната заедница, бидејќи значително го подобрува сообраќајниот проток, ја зголемува безбедноста и го олеснува секојдневното функционирање на граѓаните.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk