Амбасадата на Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РСМ во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена.
Министерот за правда Кренар Лога очекува и се надева дека Љупчо Палевски-Палчо, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, релативно брзо ќе биде екстрадиран од Турција во земјава.
„Но, многу е рано да се зборува за што било. Треба да видиме дали ќе ги искористи сите правни лекови и дали системот во Турција ќе дозволи тоа да биде на начин како што ние побаравме“, вели Лога.
Министерот додаде дека документите кои го содржат барањето на македонските власти за екстрадиција на Палевски од Турција се испратени неколку пати преку ДХЛ, по електронски пат, преку Министерството за надворешни работи (МНР) и преку Амбасадата.
„Верувам дека од понеделник натаму сите наши барања ќе бидат преземени во натамошната постапка во Турција, изјави вчера министерот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата