logo
logo
logo

ШАРЕНИТЕ САКААТ ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ ЦРКВАТА, трикови и пароли веќе видени во многу прилики

Vecer | 30.05.2025

ШАРЕНИТЕ САКААТ ДА ЈА ПРЕЗЕМАТ ЦРКВАТА, трикови и пароли веќе видени во многу прилики

Шарените настапуваат повторно, истите кои порачуваа “Црквата да одјебе“ и лани протестираа против МПЦ сега гледаат прилика да се прошират со свое влијание и на друга област, да го помогнат бугарскиот план за нов член ан Синодот на МПЦ, како што ја поддржуват бугарската блокада на Македонија за ЕУ и бараат Македонија да го прифати ултиматумот.

На оградата пред Соборниот храм во Скопје денеска осамна транспарент со порака: „Дедо Стефан слушни го народот – Партениј за митрополит“, како дел од се погласните реакции на верници по повод најавениот избор на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

Пораката е упатена до Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, кој пред само неколку дена официјално го предложи монахот Георгиј за нов митрополит. Предлогот беше испратен до членовите на Синодот, а изборната седница е закажана за 12 јуни. Георгиј, познат и како Ѓоко Ѓоргевски, беше замонашен на 27 мај, а неколку дена подоцна доби и свештенички чин.

Според дел од “верниците“, ваквиот брз процес е неприроден и непримерен, и во спротивност со канонските правила. Од таму доаѓа и поддршката за Партениј – игуменот на Бигорскиот манастир – кој важи за еден од најпочитуваните духовници во земјата.

Протести на “верници“ се најавени денеска и во Охрид во 18 часот, како и во Скопје во 12 часот на плоштадот Македонија. Организаторите се дистанцираат од каква било политичка или институционална поврзаност, потенцирајќи дека протестот е исклучиво израз на незадоволство од одлуките во црковниот врв.

„Не сакаме судир, сакаме да се слушне гласот на народот и да се почитуваат духовните вредности“, велат иницијаторите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk