Во време на власта на СДСМ/ДУИ, како од годините кога Катица Јанева и СЈО и обвинуваа и судеа, а и потоа кога 10-те обвинители од СЈО преминаа во Јавното обвинителствот, Македонија беше апсолутен рекоредер по пресудена вина во севкупна Европа.
Дури 97,5% од судските процеси завршуваа со пресуда за вина. За споредба, европскиот просек, зависно од држава, се движи од 62-75% пресудена вина во судските процеси.
Во такви околности поголема шанса беше да се добие седмица на лото отколку ослободителна пресуда во Македонија од причини што обвинителите беа под целосна власт и во функција на Заев (СДСМ/ДУИ) и таа апсолутна власт се допокажуваше и во нивните естрадни јавни настапи а и во секој судски процес па судиите постојано беа под удар на Обвинителството како и од “невладините“ на СДСМ и партиите на власт ако им се случи ослободиување на обвинет.
Во пракса, се врати османлиското време во кое “кадија те тужи - кадија те суди“. Ниедно општество во кое граѓанинот има само 2,5% шанса да биде ослобоедн од вина пред судот не се гордее со тоа. Таквите проценти ги има само уште во Авганистан и Северна Кореја, веројатно и во Иран кој е блиску до тој стандард.
Таквиот систем доведе до пад на довербата од јавноста во обвиниетлството и судството во кое веруваат едвај 2-3% од граѓаните. А плаќаат редовно данок за плати на обвинителите и судиите.
Што се случува во меѓувреме, по падот на СДСМ и ДУИ

Се смени државниот (јавен) обвинител Љупчо Коцевски и на негово место е избран Ненад Савевски. Му заврши мандатот на лидерот од сенка на СЈО, шефот на скопското Основно обвинителство Гаврил Бубевски, и се создадоа основни претпоставки за промени кон подобро. Остана уште стариот стандард и старите шеми во Обвинителството за организиран криминал Скопје предводено од кадарот на ДУИ, Ислам Абази сликан на троседи со шефовите на “зелената“ партија на Ахмети, кое со откажуавњето од обвинение за големиот скандал “Мазут“ покажува дека работата со реформи во Обвинителството се уште не е довршена.
Со судството промените следат допрва, особено во делот на скопска Апелација, која е се уште под доминантна, и тоа лична, контрола на Зоран Заев.
Во 2019-та тогашниот премиер Зоран Заев бараше “итно и неодложно“ пресуди за обвиненијата од СЈО и најави ветниг (чистка) во судството ако тоа не се случи. Ветинг немаше но, судиите се “прилагодија“ на политичките и пратиски потреби на Зоран Заев и СДСМ а Заев од внатрешноста им донесе и свој кадар за гаранција. Обвинителите се прилаогидуваа насилно, со создавање неуставно паралелно СЈО кое, со дупло поголеми плати и логистика, штанцаше обвиненија и со естрани јавни настапи ги прозиваа колегите обвинители од Основите обвинителства за го следат нивниот пример. Тој амбиент заврши со 2,5% невини пред судот.

Да ги видиме бројките од кои може да се цени процесот и, евентуално, промените.
Во 2025 година е забележан пораст на бројот на пријавени полнолетни сторители на кривични дела, но истовремено опаѓање на бројот на обвинети и осудени лица, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Според статистиката, во текот на годината се евидентирани 14.237 пријавени полнолетни сторители, од кои 6.996 се обвинети, а 6.371 се осудени. Во споредба со претходната година, бројот на пријавени е зголемен за 6,5 проценти, додека обвинетите се намалени за 7,7 проценти, а осудените за 5,7 проценти.
Кај малолетниците се регистрирани 505 пријавени случаи, 305 обвиненија и 196 осуди, при што се бележи пораст од 3,9 проценти кај пријавените и пад од 34,7 проценти кај осудените малолетници.
Или, да се поврземе со претходната состојба под СЈО и под СДСМ и ДУИ: Осудени се околу 91% од обвинетите. Тоа е висок процент за демократско општество и за независно судство. Поразителен и за судството, за граѓанинот, и особено за адвокатската професија која со вакви пресуди за (речиси) секое обвинеие нема суштина на своето постоење ако од 10 адвокати само еден може да добие процес и ослободување од вина за својот клиент.
Адвокатската комора и нејзиниот нов претседател Лазо Ѓорѓиевски мора да преземат дејствија за заштита на адвокатите, и самата професија, а оттаму и правото на граѓанинот на правично судење, од насилството на обвинителите кои вршат јавни притисоци врз судството како преку нивни изјави и комнетари за процесите така и во самите судници со наметнување свои ставови во судниците и притисок врз судиите до ниво на навреди и закани.
Обвинителството и судството постојат, пред се, за потреби на граѓаните. Платите на судиите и обвинителите не се големи но, забележенително се поголеми од оние на лекарите или универзитетските професори а, за разлика од вториве, судиите и обвинителите не одговараат за своето уверување при работата и казните за грешките завршуваат без материјлани или кривични последици.
Пожелно е обвинителите да имаат последици барем на плата за неосновано поднесени обвиненија за да се запре “штанцувањето“ обвиненија за сопствена заштита и статистика.
Обвинителите лесно поднесуваат обвиненија, за поднесени никој нема да им префрли или да ги гони но, за неподнесени би можело па оттаму одат на помал ризик за себе.
Обвинителите и судиите го снаат познатото правно начело: „Подобро е да се ослободат сто виновни, отколку да се осуди еден невин“. Оваа максима (позната и како Блекстоунова формула) е фундаментален принцип во кривичното право кој ја штити слободата на поединецот. Ова е прилика само да ги потсетиме.

Симптоматично е што последниве две години кога е на тапет одговорност на функционери нивни бизнис партнери од СДСМ и ДУИ за коруптивни предмети кои се политички или јавно исложени обвинителите поставени од СДСМ и ДУИ прилично лесно решаваат дека нема обвинение или бараат заштитни мерки кои не се ефективен притвор дури и кога се работи за корупција од сериозно голем степен.
Истите обвинители и судии, во време на власт на СДСМ и ДУИ, ефективен притвор и повеќегодишна казна затвор за политички неистомисленици судеа и за шамари. Но, кога се работи за граѓани без политичка или значителна финансика моќ, обвинителите и судиите делат ефективни притвори и затворски казни “како Дедо мраз бомбони за Нова Година“.
Никој не очекува реформи и забележително голем ефект во сложен систем каков што е правосудниот под седумгодишна тортура и контрола на СДСМ и ДУИ преку ноќ. Но, ноќта помина и време е да се видат промените ако навистина сакаат да ги извршат. Промени на состојбите и/или промени на луѓето во системот, како порано не е веќе можно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата