logo
logo
logo

Сеуште НЕМА НОМИНАЦИИ ОД СОБРАНИЕ за работната група за Изборниот законик

Vecer | 24.01.2026

Сеуште НЕМА НОМИНАЦИИ ОД СОБРАНИЕ за работната група за Изборниот законик

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на новинарско прашање за Изборниот законик рече дека до Министерството за правда сеуште не се пристигнати номинации за формирање на работна група .

 Испратени се 2 дописи до Собранието. Едниот е на 31 декември 2025 година а другиот на 20 јануари. Oчекуваме Собранието да одговори на нашиот допис со  кој бараме да се номинираат по двајца претставници на парламентарните партии и независните  пратеници по што ќе формираме работна група која ќе пристапи кон подготовка на Изборниот законик” потенцира министерот Филков.

Изборниот законик, нагласи Филков е законско решение кое од моментот на неговото донесување заклучно со овие избори има претрпено околу 40-на измени кои заради нивниот парцијален пристап создаваат неконзистентност на целиот закон.

За негово носење потребен е политички консензус од сите партии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk